new world.

март 24th, 2010

Во некој нов свет
каде што нема проста раја, глупости , ограничени луѓе….
таму се чуствувам убаво….

Како да одам во нова димензија
во која се околу мене зима нов здив нова боја нов облик…blonde-blythe-green-hippy-blythe

меѓу редовите на мртвиот писател…

март 24th, 2010

Знам дека тука меѓу овие зборови јас постојам .
Знам дека тука сум и морон и идиот ама најдобар.
Знам дека тука јас сум јас и со критики и без критики .
Знам дека само тука најдобро може некој да ме озборува.
Знам дека само тука може да видите колку вредам.
Знам дека ова е мојот сон и мојата реалност .
Не мислам на фејсбук туку на моите зборови.
Знам дека идиотот во мене не лежи и дека можеби сте во право (читај моите најмили) кога велите дека сум најпозитивната личност на свет која оди од крајност во крајност.
ЗНАМ дека само тука ме слушаат кога имам нешто да кажам.
Тука само можам да отерам се у пичку матер и ич око да не ми трепне.
Тука можам и да си ги искажам емоциите како што сакам.

Ова е мојот живот . Ова е мојот свет . Ова сум само јас .

Ова е единствено нешто во кое сум доволно успешна.

сакам да умрам со пенкало.

Среќа.

март 24th, 2010

Среќата е чудна
работи на чудни начини
но јас сум среќна
кога сите ќе ги видам
кога насмевка ќе добијам
кога бакнеж со него ке споделам
среќна сум кога сите се среќни
среќна сум кога правам луѓето да се среќни
среќна сум што ги имам најдобрите пријатели
среќна сум што ги имам најлошите и најдобрите родители
среќна сум што сакам музика
среќна сум што уживам во уметноста
среќна сум кога љубам и кога ме љубат тие усни твои прекрасни
среќна сум што сум тоа што сум и што го имам тоа што го имам
среќна сум што сум од Македонија
среќна сум што сум 24/7 на фејсбук
среќна сум што некој ова ќе го прочита
среќна сум ако ве направив среќни барем момент…

Страници за мојата љубов.

март 24th, 2010

Нема полноќ..
нема ноќ..
нема ден..
нема час..
нема минута..
ниту пак секунда .. да не помислам на тебе..
Моите мисли , женски вљубени страсни испреплетени со бакнежи желно копнеат да ги допрат тие усни.. секоја минута секоја секунда ми шеташ по главата понекогаш се рпашувам како е можно човек толку да љуби? Никогаш порано ми се нема случено ова.. никогаш порано не сум мислела на некој ниту сум љубела некој.. сега знам дека тоа се случува само еднаш..дека сите грешки се само чекори до целта.. И сакам кога мислам на тебе сакам кога сум со тебе те сакам целиот… без оглед на се.. ти си за мене најперфектното нешто на светот..Имам и луди идеи да напишам книга за нас и за нашата љубов.. совршен пар така велат другите.. некои велат исти се.. се најдоа.. некои велат пак.. и двајцата се вљубени.. некои пак.. велат дека сме необични дека е невозможно толку да се сака.. Незнам какви сме и што сме ниту пак како изгледаме како пар… знам дека нашата љубов не расне на фејсбук и не расне на интернет знам дека нашата љубов расне со погледи и допири кои ми го топат срцето…знам дека ние и сме совршени и вљубени и посебни… знам дека ние сме оние на кои светот му љубомори..
И што ако порано бев ладна санта мраз… и што ако порано со поглед замрзнував ..се се менува сватив .. Кога човек ќе ја најде својата сродна душа станува она што е… јас не сум истата ..јас сега дознав која сум и што сум дека имам име и дека имам друга половина од самата себе… Инезнам дали овие зборови се стилски повржани дали се убави и дали личат на нешто го пичувам она што го чуствувам она што го мислам…Веќе година дена јас сум јас… со тебе јас сум она што одсекогаш сум требала да бидам.. онаа Дени која знае да љуби.. Научив што е љубов од твоите очи..уште прват кога те здогледав кај дрвото знаев знаев дека ти си оној пред кого нозете ми се тресат,, оној кој ме заслужува целосно со моето тело и душа , уште кога те запознав на Велигден знаев дека ти си мојот дар од Господ… Дека ти си она што потајно ми го бара душата… потајно излегување од пеколот и влегување во рајот… Во твоите прегратки чуствувам сигурност и желба за лет… чуствувам љубов.. чуствувам подршка внимание …Кога ме љубиш слатко по целото тело.. знам дека твоите бакнежи вечно ќе останат онаму каде што се запечатени од твоите усни…
Понекогаш ми навираат солзи од очите понекогаш плачам понекогаш се смеам.. и тоа и тоа од љубов… плачам од радост не од тага.. тоа се солзи радосници … кои ти кажуваат дека секогаш ќе имаш некој до тебе некој кој ќе те разбере кој ќе ги слушне твоите проблеми и ќе ти помогне…
Понекогаш се запрашувам што чуствуваш ти за мене? Дали навистина ме љубиш? Дали нависитина ти недостасувам? Дали навистина ме сакаш како што јас те сакам тебе…?
Но сите тие прашања исчезнуваат кога ќе ги погледнам твоите очи , знаат дека не им е местото во мојата глава знаат дека се непотребни бидејќи и без ниеден збор ги знам одговорите на сите од нив..
И чудно е како ние двајца се љубиме…на посебен уметнички начин уште почудно како тоа многу силно се гледа…јас поет ти мој уметник.. ах прекрасно е што те имам до мене…
затоа што знам дека никогаш нема да добијам уште еден нож во мојот грб … затоа што знам дека без разлика на се јас ќе сум твојата малечка онаа која секогаш ќе ја имаш до себе … А ти мој принц со тетоважи и пирсови.. Колку те љубам….
Ми недостасуваш…и оваа вечер.. ова е едно од многуте дела за тебе би сакала да напишам книга само за нас двајцата.. за да кога ќе остареме им читаме на нашите внуци…

те сакам најмило мое… се надевам деека знаеш колку ми значиш… и знам дека никогаш нема да ја прокоцкаш мојата љубов бидејќи истата ја чуствуваш за мене…!

6a00e5544e92598834011168849fbe970c-450wi

retro.

март 13th, 2010

Да измрдаме …

под диско топките..

да се вивнеме во облаците…

без екстазите

да се помножиме со луѓето до нас…

да испиеме текили без лимони

а солот да го оставиме на шанкот…

Нека електорните од потта дејствуваат над нас..

а мирисот од цигарето да неутрализира се…

нека биде како што беше..оваа вечер

барем во наши мисли…

барем онака како што беше пред нова година..

Нека царува ретрото вечерва!!!!

bar code.

март 12th, 2010

Стојам на сред раскрсница…

распрталава, со солзи кои пловат по образот..

цигара во усни и ножици во раце!!!

Сакав да ги исечам трепките…

за да може солзите да течат побрзо

за да може улицата подетално да ги почуствува моите чуства..

скитник….

со бар код на чело.

Без иднина и без минато тука во мојот центар на свет

парадоксално се губам …

25888_1313719575631_1609944231_742971_3780112_n

ебати.архитектите

март 12th, 2010  Tagged

Ми пукна филмот.

Ако “Скопје 2014″ се гради…

Тогаш би сакала 2012 да е крај на свет.!!!!

Луѓе имајте осет за убавина….. за греота сме….

полноноќни пикавци и мирис на џад…

март 12th, 2010

Го фрлив последното догорче од поседната цигара . Паклата е празна. Мистично ми крои рак во внатрешноста на белите дробови. Гајле ми е! Нели еднаш се живее?
Гледам во универзумот скриен во моите долки и несредени шишки кои мерисаат на лак за коса. Неподнослив мирис од вчерашната фризура. Ми доаѓа да плачам. Ми недостасуваш . Ми фали прегратка.. Три дена ги немам видено твоите очи и почнувам да кризирам. Вљубена сум дури и во пепелот кој паѓаше на терасата вљубена дури и во мирисот на чадот кој излегува од слабо запалениот оган… Целиот свет се врти околу твојата насмевка.. а ти толку многу проклето ми недостасуваш.

Еден часот и двааесет и три минути . По полноќ. Не ми се спие не ни сакам да спијам сама… Умирам до желба да те видам да ни се спојат телата во една силуета и да се движиме дијагонално кон некој нов свет. Јас да бидам твојата Венера. Ти мое се.

Да се вивнеме во височините несвесни за тоа како ќе ги изгубиме животите во еден здив. Ми недостасуваш… можам роман да напишам.. и пет пакли да испушам нема да ми помогнат.. и пет вина да потечат во мојата невина женска крв повторно нема да се доволни за да ја убијат оваа носталгија…

Се чуствувам толку моќно и толку ситно истовремено. Како пијаница фатена во сопствена мамка барајќи го пепелникот истура пепел во чашата.

Моќна сум зошто те љубам и зошто знам дека ја добивам истата љубов назад…Ситна зошто толку проклето ми фалиш!!!

Неумеам да го дишам воздухот додека не го поделам со тебе. Нити пак знам да заспијам без да го почуствувам твојот мирис на мене…

Ќе те сонувам оваа вечер .. тајно ќе влезам во твојот хоризонт и ќе ти го подарам се што е мое….

Утре ќе те видам. Утре ќе се споиме.Но утре пак ќе ми недостасуваш…

Никогаш нема да ја разберам поентата на љубовта… но знам дека секогаш ќе љубам .

и тоа никој друг… освен тебе!!!!! <322474_1222661884049_1154017343_30554459_4229624_n

среќа е што те знам….

март 12th, 2010

Никогаш никој нема да ја сфати нашата љубов. Бидејќи никогаш никој нема да може да ја почуствутва истата… Не е исто да љубиш и да те љубат.. постои задоволство кога во твоите очи ќе погледнам дека ти постоиш за мене … и постои задоволство кога ќе ме прегрнеш и ќе дознаеш дека јас умирам по тебе.. Ти толку добро ме љубиш.. ме преплавуваш со бакнежи ме топиш во одаите на страста..а во собата се гледаат искрени невини воздишки кои ја создаваат магијата… ти толку прекрасно ме допираш со раце од свила кои ја пијанат мојата душа и ме праќаат во некоја друга димензија во некој друг свет…Ни се допираат усните ни се спојуваат душите во вртлог од страсти . Умирам по тебе… ти си причината за копја се будам наутро … и легнувам навечер…Обожавам кога денот ќе ми заврши со тебе… знам дека наутро ќе се разбудам гушната…и знам дека денот ќе биде одличен. Ми даваш иснпирација да напишам книга со песни за тебе…ти давам да напишеш песна за мене со очите онаа длабоко што остава трага.

Ме тетовираш со поглед. Ја мачкаш тетоважата со допир.

Кожата испирсана од твоите бакнежи…. на срцето лик од еден уметник.

Уживам во тоа што сум твоја.

среќна ме прави помислата дека си мој. само мој.

morethenyou

Ќе купиш ли.?

март 12th, 2010

Да ти подарам..
Да ти подарам насмевка на слабо расцветан јоргован
со игли околу неа со пајажина на краевите
со мисли во неа толку невина и мила толку горка и цинична
Ја сакаш ли?
Сепак насмевка е….Ќе се ценкаме … јас тебе насмевка ти мене себе си?

Ќе ми ја купиш ли? Не е скапа една насмевка за едно ти… вреди нели?

Ќе ти продадам и очи очи кои виделе се очи кои чуствуваат и зборуваат
Тоа не се обични очи туку очи кои знаат што значи болка што значи радост
Во нив нема крв нема ни солзи сами зборуваат за себе а и да… Прекрасно ќе ти стојат…

Ќе ми ги купиш ли? Ќе ти ги дадам на подарок ако немаш пари… иако од тоа живеам…

Ќе ти продадам и совест … чиста чиста недирната како мисла мисла недовезена на затвореник кој дреме на електорнска столица иако знае дека е невин а таму е поради некој министер…
Ќе ти ја продадам верувај прекрасна е… прекрасна… како ливада во есен ливада во зима каква сакаш ливада и кога сакаш ливада…

Ќе ти продадам.. ќе ти продадам образ.. не е црн бел е онака со малку руж и растечена шминка од солзи женски… Невин покриен со тага но тоа небитно е нели?
Ќе го гушнеш и ќе видиш дека постојат скршени женски срца кои никогаш незнаеле да љубат .. Образ без брчки… ти реков и да знаш добро ќе ти прилега… а чекај купувачу вие чисти сте?

Ако сакате господине ќе ви продадам мисли … мисли на војник случајно убиен во војна
мисли кои мислат да го заштитат името на својата земја ќе ги купите ли или за тоа немате пак пари… ќе ви ги подарам и нив.. ако немате пари… Не ми се битни парите… Мислите тие се посебни ќе ве натераат да го сакате она живото во Македонија.. ќе ве натераат да ја засакате неа и никој да не ве прави Србин Бугарин Албанец или пак Грк…ги сакате ли?

ах… што да ви продадам господине за да добијам парче од вас???

Мене не ми се битни вашите пари .. мене сте ми битен вие.. и таквите како вас…

Повторно не сакате…

знаев!!!!

Не се коментира човечството денес…. ви нудам се! А вие велите дека имате се!

Не е дека немате ДА.. вие имате вие имате насмевка… насмевка горчлива која ја давате само пред камерите само на телевизија за да ги залажете луѓето да ви веруваат на вас кои имате полни џебови со пари а немате денар да купите искрена насмевка Сиромав сте господине сиромав…..

Вие имате и очи кои не гледаат подалеку од банките подалеку од шверцот и корупцијата да господине вие имате очи кои не плачат очи кои не се смееат вие имате неми очи и глуви … кои неумат да чуствуваат а уште помалку да докажуваат… Слеп сте господине за да погледнете околу себе и да видите дека луѓето се продаваат себе за да ви дадат ум на вас.. не поради вашите пари.. туку поради парчето земја кое го газат….

А совест… имате ама нечиста измачкана со кал со плуканици и пцовки таква имате реба во затвор да гниете за се затворено за сите скитници на улица поминато за сите питачи на кои денар не сте им подале.. за срамота сте господине… вие вие сте гнида која чекори гордо….

Образот ви пука кога ве плука народот нели господине од срам??? од срам ли ви пука??? или горди сте на се што имате направено…. затоа и ви нудам женски образ со солзи зошто солза во живвотот на ваш образ нема потечено…

и на крај ви давам мисли за да сватите за да сватите дека имате мисли… мисли кои сакаат да го дадат и она што остана од она нашето… она што боли е тоа што не јаде и уништува ни земавте се си изградивте палати и палати сегде низ светот и домот ли да ни го земете????
Па нели Македонци сме?? каде со тие мисли да ја дадеме каде со идиотски мисли да ја продадеме ?? Еве јас ви продавам се! Дајте ми се себе си …. Што чустввате господине.. БОлка… не господине вие немате чуства…

Гниди и гнаси. одвратни изроди Македонски…

Трговец сум …. и знам вие треба да бидете на крст бидејќи незнаете што правите…

Ви нудам се? Вие несакате ништо ….

Да бидејќи вие имате се …имате били езера реки иамте џипови коли авиони…

Господине тоа ли е се???

Несовесни ставате точка на вашиот живот…Безмилосно си го ставате пиштолот во уста.

Уште едно самоубиство со причина…

Парите се отепувачка.~